26 Април, 2024
0.0386

Врвни цитати на творецот на Џејмс Бонд: Живеете само двапати-Еднаш кога се родите и ...

Објавено во: Стил 16 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Ијан Флеминг  (Ian Fleming) (28. мај  1908 – 12. август 1964) е британски писател и новинар, најпознат творец на серијата романи за Џејмс Бонд. За него велат дека бил и офицер на тајната служба на Кралската морнарица. Таа 1952 година во својата куќа за одмор на еден карипски остров, го завршил првиот роман „Казино Ројал“ , во кој глаен лик е шпиун кој сите ќе го сакаат.

Се до срцевиот удар кој предизвикал смрт, напишал 17 шпиунски наслови со Бонд во главна улога, кој до сега е продаден во неверојатни 100 милиони книги.

Меѓу бројните хобија на Флеминг биле и нуркање и собирање книги.

Oва се некои од неговите најпознати цитати:

-Старите жени се најдобри, затоа што често мислат дека тоа можеби го прават за последен пат

-Мажите сакаат жена која може да ја вклучат и исклучат како сијалица

-Коњот е опасен на двата краја и неудобен во средина

-Живеете само два пати.Еднаш кога се родите, и втор пат кога и погледнете на смртта во очи

-Што се однесува до сексот, па мислам дека сексот е совршено респектабилна тема, кога Шекспир е во прашање. Мислам, цела историја се состои од љубов и насилство.

-Повеќето бракови не се добиваат кога се додадат двајца луѓе. Вистината е дека тие се одземаат еден од друг.

-Нема да ги поминувам своите денови во обид да ги продолжам.

-Еднаш е случајност. Двапати е случајност. Трет пат е непријателска акција

-Никогаш немојте да им речете „не“ на авантурите. Секогаш речете „да“ , инаку ќе водите многу досаден живот.

-Жената би требало да биде илузија

-Луѓето ме поврзуваат со Џејмс Бонд бидејќи случајно сакам кајгана и подигнати ракави и уште некои работи кои ги прави Бонд, но сигурно ги немам неговите живи апетити.

-Бев на работ да се оженам, и бев восхитен од поводот на овој голем чекор во животот, после толку време што бев неоженет. И навистина сакав да ги тргнам мислите од оваа агонија, така што се одлучив да седнам и да напишам книга.

-Бонд покажува дека Американците били добри и дека повеќето луѓе влијаат како да доаѓаат од Тексас.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти