Врвот на БРИКС потпиша документи во сферата на економската соработка
Објавено во: Свет 27 Март, 2013
На средбата на врвот на државите од групата БРИКС во Република Јужна Африка потпишани се неколку документи вклучително и во сферата на економската соработка.
Во присуство на лидерите на државите од групата е потпишан договор за финансирање соработка во сферата на „зелената економија“.
Склучен е исто така договор за финансирање инфраструктурни проекти во Африка како и декларација за формирање на Деловен совет на БРИКС.
Објавено беше и за потпишана декларација за формирање Конзорциум од експертски центри од државите од БРИКС, документ за доставување заеднички статистички публикации на државите од групата и други документи. Русија предложи да се разработи стратегија за долгорочна економска соработка на државите од БРИКС.