26 Април, 2024
0.0308

Второ издание на „СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ.“ општествено одговорен проект на Стопанска банка АД - Скопје

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Стопанска банка АД – Скопје преку организација на второто издание на проектот „Сонуваме.Менуваме“ и овој декември се насочува кон децата со посебни потреби или пречки во развојот и потребата занивна постојана инклузија во општеството.

На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија кои веќе 10 години ја збогатуваат домашната едукативна и забавна детска програма ќе понудат едночасовна забава во која интегрален дел се деца со посебни потреби кои помагаат текот на приказната да биде комплетен и со тоа на најпластичен начин на публиката да и се претстави инклузијата во најјасна форма.

Концертите “Сонуваме.Менуваме“ ќе се одржуваатво МОБ со овој распоред:

·  Петок 15.12. од 18 часот

·  Сабота 16.12 од 11 и од 14 часот

·  Недела 17.12 од 11 и од 14 часот

Поради хуманитарниот карактер на настанот, билетите ќе бидатпуштени во продажба на билетарницата на МОБ по симболична цена од 150 денари и сите овие средства ќе се вклучат во фондот за донации кој Стопанска банка го обезбеди за реализација на грантови за асоцијациите на деца со посебни потреби.

„Нашиот тим го создаде овој проект во соработка со асоцијациите на деца со посебни потреби и горд сум што проектот добива на континуитет и претставува поттик за нашата општествено одговорна активност во иднина.

Моќта на проектот произлегува од соработката, од можноста да се дознае повеќе, да се споделат искуства, да се научи нешто и да се препознае емпатијата. Секој од нас, вклучен во овој проект доби нова перспектива на животот и модел за негово подобрување во иднина.

Повторно, со донациите кои Банката ќе ги реализира со асоцијациите се надеваме дека децата покрај забавните моменти за време на концертите, ќе уживаат и во трајно подобрени услови за едукација и надградба.“ – изјави г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет