26 Мај, 2017
0.4400

Вучиќ без дозвола од Приштина би отишол на Косово?

Објавено во: Балкан 19 Март, 2017

Српскиот премиер и кандидат на претседателските избори, Александар Вучиќ денеска изјави дека во рамките на кампањата сака да го посети Косово и дека тоа може да го направи и без дозвола од властите во Приштина. 

Сепак, Вучиќ смета дека  тоа не би имало смисла и не сака на тој начин да предизвика проблеми за Србите кои живеат таму, објавија српските медиуми.

Вучиќ кажал дека на Косово може да влезе преку „алтернативни премини“, но потенцирал дека не сака да создаде немир и проблеми за Србите кои живеат таму. Говорејќи за дијалогот со Приштина, тој рекол дека Белград сака процесот да продолжи, но дека другата страна само бара причини и изговор тоа да не се случи.

Вучиќ вели дека не разбира зошто косовскиот претседател Хашим Тачи толку инсистира и брза со формирањето на  војска. 

Инаку, Вучиќ изјави во петокот дека Владата донела одлука со која го поништува декретот на Приштина со кој се презема српскиот имот на Косово и Метохија. Владата ја прогласи приштинската одлука за ништовна и неважечка. 

Можеби ќе ве интересира

Бум на туристите во Словенија, причина е светски позната личност

Бум на туристите во Словенија, причина е светски позната личност

Харадинај и се заканува на Србија, нема да постоела на Косово

Харадинај и се заканува на Србија, нема да постоела на Косово

Писмо бомба го повреди екс грчкиот премиер Пападемос

Писмо бомба го повреди екс грчкиот премиер Пападемос

ПРИЈАВЕТЕ СЕ: Плата 15.000 куни, има сместување и храна

ПРИЈАВЕТЕ СЕ: Плата 15.000 куни, има сместување и храна

ОГОРЧЕНА ДУБРОВЧАНКА: Ако седите во најубавата улица на светот, и кафето ќе биде скапо

ОГОРЧЕНА ДУБРОВЧАНКА: Ако седите во најубавата улица на светот, и кафето ќе биде скапо

Вучиќ го брани Живаљевиќ?

Вучиќ го брани Живаљевиќ?

Хојт Ји во Белград: Да останеме претпазливи во врска со она што Русија се обидува да го прави

Хојт Ји во Белград: Да останеме претпазливи во врска со она што Русија се обидува да го прави

Рама со Могерини како пред излегување во дискотека, а не на средба со премиери

Рама со Могерини како пред излегување во дискотека, а не на средба со премиери

Путин ги разгневи Бугарите: Тие контрираат дека писменоста во Русија дошла од Македонија

Путин ги разгневи Бугарите: Тие контрираат дека писменоста во Русија дошла од Македонија