Вучиќ до Србите на Косово - Не се плашете, ние ќе ве браниме од напад
Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2017
Српскиот премиер Александар Вучиќ по влошувањето на односите со Приштина посочи дека состојбата е напната и дека косовскиот премиер Иса Мустафа ги подготвува вооружените специјалци за упад во северните општини.
„Останете мирни по секоја цена, бидете достоинствени, гордо чувајте го своето српско име и презиме, не ги напуштајте огништата, ние ќе се бориме за вас“, изјави Вучиќ.
Сега е најважно да се сочува мирот, Србија направи голем број на компромиси со Косово и сеуште е подготвена за договор, но од Приштина нема волја за разговор, туку нереални барања кои мора да бидат одбиени за Белград да испадне виновен во очите на светот, смета Вучиќ.
Српскиот премиер додаде и дека воопшто не посакува војна, тоа е најлошто решение, но потврди дека ќе ги бранат своите сограѓани во Косово и Метохија, каде нема српски вооружени сили уште од 1999-та.