Вучиќ по случувањата во Македонија ја подигна борбената готовност
Објавено во: Балкан 29 Април, 2017
Српскиот премиер, Александар Вучиќ синоќа по седницата на Бирото за координација на службите за безбедност на Србија посветена на ситуацијата во Македонија, изјави дека Србија е мирна и стабилна, но и дека е подготвена на одговори на секој предизвик.
Тој појасни дека се направени некои тактички промени на безбедносните сили и дека е подигната борбената готовност онаму каде што треба.
Вучиќ вели дека Србија дејствувала смирувачки кон се што се случува во Македонија.
Додава дека Србија за Македонија во минатото направила повеќе од другите соседи, иако не ѝ било секогаш вратено со иста мерка.
„Никого никогаш нема да го гибаме, ги почитуваме интегритетите и на БиХ и на Хрватска и на Македонија и на Албанија. Убеден сум дека нашата сила и нашата одбранбена моќ ќе биде пропорционална на нашата економска соработка“– вели тој.
Тој рече дека видел колку луѓето во Србија се исплашиле поради случувањата во Македонија и истакна дека Србија нема да дозволи прогон ниту истребување на дел на својот народ на која било територија.