Вучиќ: Утре на Заев ќе му кажам она што го знам
Објавено во: Балкан 22 Август, 2017
Утре на Заев ќе му кажам она што го знам, дека Србија не сака да има никакви проблеми со Македонија, но и дека нема да дозволиме да се нарушат националните интереси на Србија, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ за РТС .
Прашан за она што се случило и зошто дошло до повлекување на персоналот од амбасадата во Скопје, изјави дека Димитров денеска објаснил како што навистина се случило, дека немало никаква наредба од Владата за преземање разузнавачки активности.
„Тоа е дело на некои на повисоко ниво и ние имаме сознанија за такви активности“- рече Вучиќ .
Македонија ќе гласа за влез на Косово во УНЕСК, рече Вучиќ, а
повлекувањето на персоналот од амбасадата беше еден од начините да им ставиме до
знаење дека знаеме што прават, иако ништо лошо не им посакуваме.