ВУЧИЌ ВО ЗАГРЕБ: Никому не сакам да се правдам, јас не сум четник
Објавено во: Балкан 12 Февруари, 2018
Ви благодарам на поканата и приемот. Разбирам дека тоа за вас не беше лесен потег, особено поради атмосферата која беше создавана во Загреб и цела Хрватска, ви честитам на храброста, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ во Загреб.
„Ќе дојдеме до тоа да бидеме како Норвешка и Шведска. Мора да гледаме во иднината. Не можам да ветам дека ќе решиме сѐ, но ќе се потрудиме“- кажа Вучиќ.
Новинарка на ТВ Пинк побара од Вучиќ коментар за протестот кој се одржа против него на плоштадот Бан Јелачиќ.
„Видов некои луѓе попат, пишуваше „Коњу, не лажи“, нешто за извинување, потоа „Четник, почетник“. Не се вознемирив нешто посебно. Претседателката добро ме прими. Секој си има своја работа, а тоа е нивната, и во Србија има протести против мене. Никому не сакам да се правдам, јас не сум четник, никој во семејството не ми бил четник“- рече Вучиќ.
Тој во Загреб порача дека дошол да разговара за иднината.За настаните од пред 25 години вели дека секој гледа различно на нив, но мора да разговараат.
При посетата постоеше страв дека може да се случи да биде нападнат Вучиќ, а на улиците имаше полиција.