Вучиќ загрижен поради идејата за „Голема Албанија“
Објавено во: Балкан 09 Мај, 2017
Српскиот премиер и нов претседател, Александар Вучиќ вчера изјави дека е загрижен поради идејата за „Голема Албанија“, тензиите во Босна и Херцеговина и судбината на хрватската компанија Агрокор.
За состојбата во регионот, Вучиќ вели дека најмногу е загрижен поради односите во БиХ.
„Што се однесува до односите со Албанците, тие се тешки, но мораме да разговараме и да правиме амбиент за иднината. Мораме да разговараме и со Хрватска и го разбирам нивното инсистирање за решавање на судбината на исчезнатите, но и тие пред својата јавност мора да говорат за исчезнатите Срби, кои ги има многу повеќе отколку Хрвати“- рече Вучиќ.
Тој смета дека форматот на дијалогот со Приштина може да се менува само преку консензус.
За најавите на Приштина во врска со продолжувањето на дијалогот и ангажирањето на Марти Ахтисари и Медлин Олбрајт, Вучиќ кажа дека и Србија има „светски познати“ имиња на своја страна, кои не се помалку угледни.