Вулин: Нас ни е многу важно Косово да не биде член на УНЕСКО и Интерпол
Објавено во: Балкан 28 Август, 2017
Властите во Македонија треба да ја водат политиката во својата земја, но треба да знаат дека на нас ни е многу важно Косово да не биде член на УНЕСКО и Интерпол, српскиот министер за одбрана, Александар Вулин.
Тој кажа дека Србија никогаш на никого не му поставува препреки за самостојно да одлучува за својата земја, затоа што ниту Србија не им дозволува на другите да одлучуваат во нејзино име.
„И Македонија и сите други земји треба да знаат дека прашањето за членството на Косово во УНЕСКО и Интерпол ни е од големо значење и оти сметаме дека Косово не смее и не може да биде дел од тие организации. Сите земји што го знаат тоа, ќе разберат дека и „нашите односи во голем дел ќе се основаат на тоа“. Ние мораме да водиме грижа за нашите интереси“ - наведе Вулин.
На иста линија со Вулин е и српската премиерка, Ана Брнабиќ.