Добивај вести на Viber
Поради стравот на инвеститорите од вложување во ризични инвестиции, на Wall Street вчера цените на акциите паднаа, втор ден по ред.
Dow Jones ослабна за 25 индексни поени, или 0,19 отсто, на 13.077 поени, додека S&P 500 падна за 0,31 отсто на 1408 индексни поени.
S&P 500 во последните пет дена изгуби 3,6 отсто затоа што извештаите на големите мултинационални компании покажуваат намалени приходи во споредба со очекуваните, и намалена проценка за понатамошните резултати, во главно заради ослабената американска економија.