YAHOO ПРЕД ПРОДАЖБA: Какви им се приходите?
Објавено во: Економија 20 Април, 2017
Американската интернет компанија „Yahoo“ пријави раст на приходите од 22,1% во првиот квартал од оваа година на 1,33 милијарди долари.
Нето добиката на „Yahoo“ во првиот квартал достигна 99,4 милиони долари, или 10 центи по акција, во однос на нето загубата од 99,2 милиони долари во истиот период минатата година.
Станува збор за податоци во пресрет на продажбата на својот основен интернет бизнис на компанијата „Verizon“, пренесува CNBC.
Приходите на компанијата од „Mavens“ (единицата за огласување по пат на мобилни телефони, видеа, социјални мрежи и класично огласувањe, која се смета за клучно развојно подрачје), скокнаа во првите три месеци за 35,6% на 529 милиони долари.
„Verizon“ се согласи во февруари за 4,48 милијарди долари да ја купи основната дејност на „Yahoo“, која го вклучува интернет пребаруањето и електронската пошта, намалувајќи ја својата почетна понуда за 350 милиони долари, по двата големи хакерски напади на оваа интернет компанија.
Интернетот ветеранот Yahoo успева да покаже подобра форма од очекуваното во последното тримесечје како самостојна компанија, пред американскиот телеком Verizon да го стекне нејзиниот основен бизнис.