28 Март, 2024
0.0236

YouTube ќе си оди од Русија?

Објавено во: Мои пари 30 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Видеоплатформата YouTube може да се повлече од територијата на Русија, ако биде усвоен предлог-законот во  Државната дума со кој се ограничуваат дела на странските сопственици во компании за аудиовизуелни услуги со професионална содржина.

Веста ја објави “Комерсант“, повикувајќи се на руското секторско здружение на медиумско-комуникациска унија и други извори.

Поимот „организатор на услуги за аудиовизуелни услуги“ го опфаќа и YouTube. Ако проектот биде усвоен, видеоплатформата може да ја напушти Русија, прогнозира весникот.

На YouTube се хостира и професионална, и корисничка содржина, но во моментов не постои начин да се разликуваат една од друга, објаснуваат извори на весникот. Освен тоа, со усвојувањето на законот може да се подигнат дополнителните трошоци за создавање на нова инфраструктура, смета еден од нив.

Според податоците на весникот руските мобилни оператори "Вимпелком" и МТС исто се спротивставуваат на усвојувањето на закон со кој се ограничуваат активностите на странски онлајн филмски канали.

Од 1 јуни 2017 година странското учество во руски компании за аудиовизуелни услуги може да биде ограничено на 20 отсто, предвидува законот, лансиран според весникот од холдингот "Газпром медиа" и "ЗТС медиа".

Проектот веројатно е наменет специјално против американската компанија за видео услуги Netflix, која во јануари соопшти дека се насочува кон рускиот пазар, забележува BBC.

Можеби ќе ве интересира

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери