16 Април, 2024
0.0237

За 12 роденден на Рамсторе освојте Hyundai Tucson и 12 наградни патувања

Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Рамсторе Македонија оваа година го прославува  12  роденден  односно 12 години - среќни и задоволни потрошувачи, мотивирани вработени, најквалитетна понуда и безпрекорна услуга. Основната визија на Рамсторе Македонија останува иста, а за да ја искажат својата благодарност кон потрошувачите, по повод  роденденот организирана е голема наградна игра со многу возбудливи награди.

Рамсторе ве поканува да учествувате во досега најголемата наградна игра и да играте за Hyundai Tucson и уште 12 ваучери за патување од Туристичката Агенција Савана со вредност од 60.000 денари. 

Наградната игра „12ти роденден на Рамсторе“ започнува на 05.10.2017 во 08:00 часот и завршува на 23.11.2017 година во 22:00 часот

Со секоја сметка над 1000 денари направена во Рамсторе  Маркетите можете да очекувате дека ќе станете добитник на Hyundai Tucson или на еден од 12те ваучери за патување од Туристичката Агенција Савана во вредност од 60.000 денари.

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни купувачи, чии фискални сметки имаат вредност од 1000 денари или повеќе. Еднаш искористената фискална сметка, не може повторно да учествува во наградната игра.  Добиената награда, не може да се замени со друга и не постои друг вид надоместок.

Се што е потребно да направите:

Да приложите фискална сметка повисока од 1000 денари направена во кој било Рамсторе маркет на инфо пултовите при што добивате награден купон. Купонот треба да биде пополнет од страна на потрошувачите со нивните лични податоци и ставен во посебно обележаните кутии, кои се поставени на видно место во секој Рамсторе маркет. За секоја сметка од 1000 денари, добивате 1 купон за учество, за 2000 денари добивате 2 купони, за 3000 денари – 3 купони и за секое зголемување на сметката за 1000 денари пропорционално се зголемува и бројот на купони за учество.

Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 01.12.2017 година во 12:00 часот во ТЦ Рамсторе Мол пред Рамсторе маркетот.

Во текот на 12 години од своето работење Рамсторе Македонија  успеа да се избори на пазарот како еден од најдобрите трговски ланци во регионот, за потрошувачите прв избор, за вработените посакуван работодавец, а за деловните субјекти и добавувачите доверлив партнер и општествено одговорна компанија. Како резултат на нивното успешно работење на македонскиот пазар, во малопродажниот сектор, а  во насока на својата визија и мисија,  денес, тој брои вкупно 22 маркети во 6 различни градови со вкупна продажна површина од 20,000 m2 и 600 вработени.

Повеќе информации на официјалната страна на: www.ramstore.com.mk   и  http://ramstore.com.mk/?page_id=3211


Можеби ќе ве интересира

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

Samsung Electronics е лидер на глобалниот пазар за дигитално рекламирање 15 години по ред

Samsung Electronics е лидер на глобалниот пазар за дигитално рекламирање 15 години по ред

СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ

СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ

Голем интерес за услугата OneID на вебинарот организиран од КИБС и Nextsense

Голем интерес за услугата OneID на вебинарот организиран од КИБС и Nextsense

Samsung Electronics е на врвот на глобалниот пазар на телевизори 18 години по ред

Samsung Electronics е на врвот на глобалниот пазар на телевизори 18 години по ред