25 Април, 2024
0.0299

За 500 евра се продаваат новороденчиња во Полска

Објавено во: Свет 07 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Во Полска е можно речиси неказнето да се купи новороденче и тоа за само 480 евра, пренесоа чешките медиуми, повикувајќи се на полскиот неделник „Њусвик“, кој оценува дека овој „бизнис“ цвета на Интернет.

Легалната трговија со бебиња, е овозможена со последните измени и дополнувања на Кривичниот законик  со кој продажбата на новороденчиња не е опфатена во категоријата трговија на луѓе и следствено не е казнива.

Според измените во КЗ, за кривично дело се смета продажбата на луѓе со цел да се искористи нивниот труд, за просење, проституција или поради порнографија.

- Во изменетиот Закон, нема ниту збор за казна за лицето, кое продало или купило новороденче за да го одгледува и воспитува. Што значи ако не е забранета активноста, не е ниту казнива, пишува неделникот.

Таквиот правен вакуум придонесува за неконтролирано зголемување на трговијата со бебиња во Полска во последно време.

Огласите за купување или продавање на бебињата се објавуваат на интернет иако во нив не се споменуваат конкретни цени.

Репортерите на „Њусвик“, кои покажале фиктивен интерес за купување деца, откриле дека тоа е возмжно за околу 480 евра, додека сурогат-мајка ги понудила своите услуги за 1.600 евра, со можност за плаќање и на рати.

Можеби ќе ве интересира

Нема пасоиши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоиши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов