За 6 години Кина ќе стане најсилната светска економија
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2013
За помалку од шест години Кина економски ќе ги надмине САД, покажува официјалата анализа на Кинеската академија на науки. Како што пренесоа кинеските медиуми, до 2049 година Кина ќе биде најмоќна држава во светот.
Во заклучоците од анализата се вели дека кинеската економија ќе биде помоќна од американската до 2019 година, а „меѓународниот статус“ на Кина ќе биде поголем од американскиот до 2049 година кога се одбележува 100-годишнина од основањето на НР Кина.
Според истиот извештај Кина е 11-та држава во светот на листата на здрави нации.