25 Април, 2024
0.0783

За 7 дена ќе се вади дозвола за транспорт, но и градежна лиценца-преку интернет!

Објавено во: Економија 09 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Со потпишување на меморандум за соработка меѓу повеќе надлежни институции ќе се работи на поедноставување на процедурите за вадење на дозволи за транспорт, како и дозволи во делот на градежништвото и урбанизмот. Како што изјави денеска министерството за транспорт и врски, Миле Јанакиески со меморандумот значително ќе бидат олеснети процедурите транспортната дејност. „ Досега превозниците во Република Македонија и сите кои аплицираа за лиценци во делот на градежништвото и урбанизмот требаше да отидaт еднаш минимум во Агенцијата за вработување и еднаш во ПИОM. За седум дена од денеска, сите овие документи ќе се добиваат по електронски пат, изјави министерот Јанакиески. Според него како големо олеснување е тоа што новиот систем овозможува со електронското поврзување да се избегнат можните злоупотреби од страна на превозниците, но и во делот на урбанизмот, во поглед на исполнување на условите за добивање лиценци. Според министерот за труд и социјална политика Споро Ристовски, соработката ќе се применува на ниво на највисоки стандарди за етичко и законито располагање на податоците, а со потпишувањето на Меморандумот, треба да се обезбеди поголема контрола на состојбите и намалување на ризикот од злоупотреби. „Со потпишувањето на Меморандумот ќе се зголеми ефикасноста во патниот сообраќај, во постапката за лиценцирање на транспортните компаниии и добивањето одобрение. Во соработката со ПИОМ ќе се зголеми ефикасноста во добивањето лиценци од областа на градењето, просторното и урбанистичкото планирање и процени. Се воспоставува систем на размена на податоци врз основа на кои ќе бидат регистрирани лицата вработени во транспортните компании во Македонија, од аспект на евиденција регистрирани пријави и одјави, во задолжително социјално осигурување, е елемент од исклучително значење за нас како Министерство“, рече Ристовски.  

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди