24 Април, 2024
0.0279

За Алаѓозовски „Скопје 2014“ е вирус кој треба да се стави во карантин

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Mинистерот за култура,  Роберт Алаѓозовски денеска на отчетот во рамки на 100 - те дена Влада изјави дека преку штетни менаџерски договори и договори за закуп претходните раководства му нанеле штета на буџетот од околу 2,4 милијарди денари, или околу 39.000.000 евра. 

„Скопје 2014“ како што кажа Алаѓозовски, е вирус кој треба да се стави во карантин.

„Без оглед на кусокот време за запознавање со состојбите, опструкциите, летните одмори и неприсутноста на дел од вработените, нашите инспекции работеа напорно и во дел од институциите најдоа сериозни индиции за злоупотреби, кои ќе бидат предмет на понатамошни соодветни процедури. Штетата за Буџетот на РМ само преку штетни менаџерски договори и договори за закуп откриена досега е некаде околу 2.4 милијарди денари. Наследивме огромни долгови, само за изведбата на Македонската филхармонија, на празен Буџет, државата им должи на изведувачите над 900 милиони денари, или околу 15 милиони евра“ - вели Алаѓозовски.
 
Преку изводите од службените картички, граѓаните имаа можност да дознаат за незаконската употреба на народните пари и луксузирањето на претходната владејачка гарнитура, додава министерот. 

При тоа и во многу установи се забележани договори за огромни хонорари во однос на остварените задачи. 

„За оркестрирање на концерт во Македонската филхармонија биле исплатени 200.000 денари, сценариото за отворањето на Охридско лето чинело 150.000 денари, изведба на сцена за Струшките вечери на поезијата чинела дури 750.000 денари, а е реализирана преку авторски договор со физичко лице, договори без распишување на тендер на сума поголема од 30.000 денари во Македонската филхармонија. Да не ја заборавиме и фактурата за коктелот за отворањето на новата зграда на Филхармонијата од 646.200 денари без спецификација на артиклите, делењето на стотици гратиси за отворањето на партиската свита, и самиот чин на таканаречено „отворање“ на објектот без соодветен технички прием, што е тешка злоупотреба на процедурите која можела да доведе во ризик и нечиј живот“ - вели министерот Алаѓозовски. 

Институциите ќе се ослободат од директни партиски влијанија, рече Алаѓозовски. Ќе се спречуваат опструкции и ќе се озвозможат услови за откривање незаконитости и злоупотреби, а ќе се подобрат, како што рече и очајните услови за работа.

Можеби ќе ве интересира

Гордана Силјановска 160.884, Стево Пендаровски 79.050 - НАЈНОВИ БРОЈКИ ОД ДИК ОД ОБРАБОТЕНИ 53 ОТСТО

Гордана Силјановска 160.884, Стево Пендаровски 79.050 - НАЈНОВИ БРОЈКИ ОД ДИК ОД ОБРАБОТЕНИ 53 ОТСТО

Милошоски: Победа во Струмица по 20 години

Милошоски: Победа во Струмица по 20 години

ДАФИНА СТОЈАНОСКА: Од обработени 40 отсто од гласачките места, професорката Силјановска води со 152 илјади гласа спрема 70 илјади на Пендаровски

ДАФИНА СТОЈАНОСКА: Од обработени 40 отсто од гласачките места, професорката Силјановска води со 152 илјади гласа спрема 70 илјади на Пендаровски

„НЕКА ГОРАТ ТЕЛЕФОНИТЕ“: Ѓорчев објави резултати по 15 проценти обработени податоци

„НЕКА ГОРАТ ТЕЛЕФОНИТЕ“: Ѓорчев објави резултати по 15 проценти обработени податоци

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку два спрема еден

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку два спрема еден

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти

„ДОЛГООЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА ДОАЃА НА НА 8 МАЈ, СО КОЈА ДУИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА“: Таравари бара гаранции за секој глас

„ДОЛГООЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА ДОАЃА НА НА 8 МАЈ, СО КОЈА ДУИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА“: Таравари бара гаранции за секој глас

ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ, СЕ СКАРАА ЗИКОВ И ЛАТАС - кој ја заостри националистичката реторика на овие избори

ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ, СЕ СКАРАА ЗИКОВ И ЛАТАС - кој ја заостри националистичката реторика на овие избори