26 Јули, 2017
0.1325

За да не отиде Македонија во бестрага отпорот ќе се намалува

Објавено во: Колумни 10 Мај, 2017

Голем дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да се помири со фактот што Талат Џафери е официјализиран како нов претседател на Собранието, но кадарот не им смета толку колку начинот на кој беше одбран со надгласување на пратениците на мнозинството на што следуваше жесток напад и практично линч врз Заев, Села, Шекеринска и останатите повредени. 

Голем дел од „тврдокорното“ членство на социјалните мрежи и натаму повикува на жесток отпор, да не се дозволи Заев, Џафери, Ахмети, Села и Касами да ја урнат унитарноста на Македонија. Се уште се силно убедени дека Македонија ќе се албанизира, дека ќе мора да учат албански јазик, дека ќе има промена на името, знамето, химната, грбот и многу други значајни државни елементи. 

Сите овие промени не може да се случат преку ноќ дури и тоа навистина да е целта бидејќи за тоа се потребни две третини од гласовите во Собранието што сега без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е невозможно. 

Стравот и натаму е присутен кај симпатизерите на довчерашната владејачка партија, но веќе пристигнуваат и повиците за отстапување од воинствената реторика. Македонија не смее да отиде во бестрага, на Груевски му е јасно дека мора кризата да се реши на мирен пат, затоа било какви насилни или вооружени реакции може да доведат до сериозни проблеми. 

Во вакви моменти можеме само да замислиме што се одвива во политичка позадина и кога ги немаме тие информации ниту сакаме да шпекулираме, а да бидам искрен и да ги имаме не би сакале ни да ги разговараме, бидејќи на процесите кои се започнати мора да им се даде шанса. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ полека ќе го „демонтира“ потпаленото членство кое ако се суди според социјалните мрежи се повеќе е незадоволно од неколку аспекти. 

Влезот во Собрание тие го карактеризираат како патриотски чин, народот си го вратил законодавниот дом, а тие што учествуваа во нападите биле гневни поради предавничкиот чин на СДС. Втората причина за гнев е што насилниците се пуштени „низ вода“. 

Се води истрага против директните учесници, се изрекоа и мерки притвор, а има и обвиненија, секако за многу полесна правна квалицикафија на правното дело, но и на овој начин тие се чуствуваат предадени од лидерот, па дури бараат и амнестија стравувајќи од поголеми правни последици.

Критично ќе биде кога ќе се гласа за новата влада, побеснетите членови без оглед на нивниот број и логистика Груевски не може целосно да ги контролира, но можни се единствено спорадични и поединечни акти на порадикален израз на гневот. 

Дел од партиските оперативци веќе упатуваат апели дека сега треба да се биде мудар во однесувањето и да му се верува на Груевски кој имал многу повеќе информации. Било какви наредни инциденти ќе значат и пропаст за Македонија ако дојде до граѓанска војна од било каков нејзин вид, меѓуетничка или меѓумакедонска. 

Такви сценарија посакува дефинитивно Русија на која најмногу ќе и одговара ново жариште во Европа со цел да ги проблематизира потезите на САД и ЕУ кои тука се премногу вложени, ја имаат на располагање поддршката од домашните политичари, постои стратегиска определба за сојузништво, како и геостратегиски интереси кои долго време се негувани. 

Русија може да влезе само со некаква блиц кампања, но и ова сценарио е неповолно бидејќи и за нив не е паметно да отворат уште еден фронт покрај тие во Кавказот, Украина и Сирија. Затоа ќе мора да се направат посилни обиди за формализирање на новите односи на ВМРО-ДПМНЕ со власта, било таа да е законодавна во Собранието или извршна во Владата иако никој не вели дека тие не треба да продолжат со „битката“ но, со чисти демократски и политички средства и да се надеваат дека ќе ги добијат следните избори. 

Нетрпеливост кон Талат Џафери и мнозинството предводено од СДСМ по официјална партиска линија секако ќе има, но не смеат да се дозволат никакви спорадични изливи на бес кои ем ќе ја искомплицираат и онака непријатната атмофера, ем ќе ги успорат процесите на мирна транцизија на власта и реогранизација на општеството кон еден понормален и помирен политички стадиум по двеипол години постојана кампања.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

HISTORIA EST MAGISTRA VITAE

HISTORIA EST MAGISTRA VITAE

Ред се редат нашиве во Русија

Ред се редат нашиве во Русија

Охрид со судбина на кохабитација - Што ќе договорат Заев и Бакрачески

Охрид со судбина на кохабитација - Што ќе договорат Заев и Бакрачески