За Дубаи најлошото помина, пазарот се стабилизира
Објавено во: Економија 23 Октомври, 2016
Канцеларијата за недвижности од Дубаи открива дека најлошото за овој пустински бисер е поминато и дека пазарот се стабилизира со што се враќаат сериозни инвеститори и се прават скапи договори што одлично ќе се одрази и врз целокупната економија, а не само врз недвижностите.
Инвестициите во пазарот на недвижности на Дубаи и бизнис проширувањата опаднаа сосема очекувано по изгласувањето на Брегзит референдумот во Велика Британија и падот на вредноста на суровата нафта на светските берзи, но сега кога состојабата е појасна компаниите се подготвени да гледаат напред.
„Палма 360“ проектот за футуристички хотелски ресорт со вештачки островчиња ќе продолжи да се гради во 2017-та и се очекува да ги исполни целите поставени во бизнис планот што покажува дека се враќа довербата во исплатливоста на недвижниот луксузен имот.