За Ердоган сме браќа, а Грците се нефер
Објавено во: Балкан 06 Февруари, 2018
За турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган ставот на Грција е погрешен, а за Македонија вели дека Турција секогаш ќе ги поддржува нивните „браќа“.
За Ердоган инсистирањето на Атина да се смени името на Македонија како услов за влез во НАТО е нефер.
„Турција секогаш ќе биде на страната на Македонија, бидејќи во овој случај Грција едноставно не е во право“ - истакнал Ердоган, пренесуваат грчките медиуми.
Тој повтори дека Македонија и неговата земја немаат отворени прашања.