За Илија Димовски 10 пратенички групи не се за блокади туку за демократска дебата
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2017
Пратеникот Илија Димовски и координатор на една од десетте пратенички групи во емисијата „Само вистина“ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се решиле на ваков чекор не за да прават блокади, туку за да развијат дебата и да ја притискаат СДСМ да ги исполни дадените ветувања.
- Целта е позитивна, целта е да овозможиме дебата во Собрание. За СДСМ не беше проблем 15 месеци да не учествуваат во Собрание, но проблем е кога други пратеници сакаат повеќе да учествуваат во неговата работа. Сите клучни елементи за контрола на работа на Собранието ги имаат заедно со нивните коалициони партнери, ние ќе ги користиме максимално нашите дозволени средства за да влијаеме не процесите, изјави Димовски.
Димовски кажа дека динамиката за работа на овие 10 пратенички групи најмногу ќе влијае од она како новата владеачка партија СДСМ се однесува.
- Ако СДСМ продолжи да се однесува вака, да е убава обланда во искажувањата на говорите и намерите, а во суштина да нема ништо. Министерот за финансии на ВМРО-ДПМНЕ пред ребаланс на буџетот секогаш имаше интензивни средби со претседателот на комисијата за финансирање при Собранието, кој секогаш беше од СДСМ. Досега претседателот на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ нема никаква комуникација и информација од министерот за финансии, изјави Димовски.
Од СДСМ стигнаа критики дека ова е класичен обид на опозицијата максимално да ги блокира сите процеси во Собранието.