28 Март, 2024
0.0271

За кого работи „Макпетрол“ кога ќарот е само 1 отсто од продажбата?!

Објавено во: Економија 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

„Макпетрол“ лани имал поповолен сооднос меѓу нето добивката и приходот од продажба. Годинава нето добивката е само 1 отсто од продажбата и тоа е остварено во услови кога приходот од продажба пораснал за 16 отсто! Со оглед на тоа дека компанијата не чува залиха, прашање за менаџментот е зошто паднала профитната маргина? Оти се знае дека не продава само деривати по регулирани цени туку и стоки за широка портошувачка по пазарни цени. За кого работи најголемата македонска компанија?

Најголемиот продавач на мало со нафта и нафтени деривати кој поседува и оперира повеќе од 110 бензински пумпи во земјава во првиот квартал годинава остварил нето профит од 41,8 милиони денари. Иако на хартија тоа е поголем профит од лани (во апсолутен износ) компанијата во истиот квартал лани сработила поефикасно од лани. Во првиот квартал годинава нето добивката изнесува само 1,04 отсто од приходот од продажба. Овој резултат е остварен во услови кога „Макпетрол“ успеал да го зголеми приходот од продажба за 16 отсто во споредба со 2016 година. Лани „Макпетрол“ успеал за оствари нето добивка која изнесува 1,14 отсто од приходот од продажба. Зошто? Одговорот го знаат само лицата кои управуваат со компанијата.

Зошто продажбата е помалку ефикасна или поскапа од лани?

Од тоа што може да се види од билансот на успех за првиот квартал јасно е дека значајно пораснале приходите, но ги повлекле нагоре и оперативните расходи на компанијата. На прв поглед може да се стекне заклучок дека компанијата работи подобро затоа што добивката е поголема од лани, но споредбата на податоците покажува дека „Макпетрол“ во првиот квартал годинава работи помалку ефикасно во однос на првиот квартал лани. Од билансот на успех не може да се даде концизен одговор на прашањето зошто компанијата е помалку ефикасна од лани. Но затоа може да ги наведеме клучните факти. Прво, компанијата не чува залихи односно ги држи на минимум, веројатно заради тоа што менаментот антиципира дека тоа ќе и создава трошок. Во однос на првиот квартал лани годинава залихите се намалени за 4 пати! Во недостиг на повеќе факти, кои ги нема во билансот на успех, тоа може да значи дека менаџментот се определил да чува најниско ниво на залихи за да намали трошоци. Но од друга страна оваа стратегија на нечување залихи може да значи и зголемени расходи за набавка на деривати доколку растат цените за набавка на дериватите и тоа во услови кога регулираните малопродажни цени растат со помал интензитет или пак воопшто не во реално време не кореспондираат со цените на пазарот. Тука свое влијае може да имаат и курсните разлики затоа што можеби дериватите се купуваат во странство или пак по цени конвертирани во американски долари. 

 Второ, компанијата на своите пумпи продава стоки од широк асортиман кои ги купува од свои добавувачи. Овие стоки кои се на рафтовите во бензинските пумпи по правило и речиси без исклучок се поскапи од истите стоки кои се продаваат во големите малопродажни лани во градовите ширум земјава. Од билансот на успех не може да се направи поделба кои се расходите за деривати, а кои се расходите на компанијата за набавка на овие стоки за широка потрошувачка кои може да се најдат на бензинските пумпи. Но факт е дека трошоците за набавка на стоки (набавната вредност на трговските стоки) годинава изнесува 3,524 милијарди денари, а лани во првите три месеци тоа ја чинело компанијата 501,8 милиони денари помалку од лани. Тоа се случува во услови кога приходите од продажба пораснале за 545,3 милиони денари.

Во однос на лани, годинава растеле и трошоците за вработени и тоа за 2 отсто односно за 4,6 милиони денари, амортизацијата пораснала за 2 милиони денари односно за 4 отсто и останатите расходи пораснале за 30 отсто односно за 12 милиони денари. Компанијата успеала да заштеди на трошоци за суровини и тоа 6 милиони денари односно 21 отсто, услугите со карактер на материјални трошоци паднале за 3 отсто односно за 3 милиони денари и за толку се намалени и останатите расходи од работењето.

За камати и курсни разлики „Макпетрол“ платил 360.000 евра

„Макпетрол“ има загуба од односот на финансиските приходи и на финансиските расходи. Финансиските расходи се поголеми за 8,6 милиони денари односно за речиси 140.000 евра од финансиските приходи. Позитивно е тоа што финансиските расходи се за 29 отсто пониски од истите во првиот квартал лани. Намалени се за 9 милиони денари. Но многу подрастичен пад има кај финансиските приходи. Лани биле 46,9 милиони денари, а годинава се 13,6 милиони денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“