За колкава сума е продадено најскапото Ферари?
Објавено во: Финансии 06 Декември, 2016
Најскапото Ферари беше купено за 7 милиони долари.
Парите ќе бидат наменети за реконструкција на италијанските градови погодени од земјотресите.
Италијанскиот автомобилски концерн Ферари успеа да го продаде последниот произведен Ферари за рекордни 7 милиони долари, претворајќи го во најскапо продаден црн елегантен современ автомобил во светот. Со овој резултат специјалниот суперавтомобил го надмина со повеќе од 1,8 милиони долари претходното најскапо Ферари.
Не помалку импресивна од цената е и историјата на самиот автомобил. Првичните планови на Ферари беа да бидат произведени точно 499 примероци од моделот.