29 Март, 2024
0.0243

За колку падна откупот и продажбата на земјоделски производи?

Објавено во: Агробизнис 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Во првото тримесечје од 2017 година, откупот и продажбата на  земјоделски производи се намалени за 14.2% во однос на истиот период од претходната година. 

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 30.0%, а кај  продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 50.6%, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.  Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот и живината и јајцата, а намалување е забележано кај: индустриските 
растенија, млекото и млечните производи и рибата. Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува намалување во 
јануари и февруари, додека во март е забележано зголемување.

Претходно имаше обратен тренд. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 39.3% во однос на истиот период од претходната година. 

Во третото тримесечје од 2016 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 1.2% во однос на истиот период една година порано. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи