23 Април, 2024
0.0965

За колку пари Русите ја продадоа Алјаска на Американците?

Објавено во: Економија 19 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Пред повеќе од еден век  Русија ѝ ја продала на Америка Алјаска за мала сума од 7,2 милиони долари. 

На почеток Американците сметале дека ова парче земја е само кутија од мраз, но потоа се покажало дека има природни богатства. 

Само за првите 50 години од владеењето над таа земја, Американците од неа заработиле најмалку 100 пати повеќе. Многу Руси и денес не сфаќаат зошто Алјаска им била продадена на Американците. Има многу митови за продажбата на Алјаска.

Алјаска е продадена 1867 година во време на царот Александар Втори, а договорот бил склучен од двете страни. За продажбата се преговарало со години.

Се говорело дека Алјаска е дадена поради долгови, подарена, отстапена на наем. Имало верзија и дека Американците со измама им ја зеле на Русите. Спород некои приказни Алјаска ја продала уште Катерна Велика, а за парите кои ги добила си купила балски фустани, пишува „Спутник“.

Рускиот цар во тоа време верувал дека на Американците им подал огромно диво пространство на кое нема ништо друго освен снег и мраз. Причина за продажба биле и финансиски проблеми во Русија и страв дека други светски сили може да преземат контрола над територијата. Во тоа време државата имала и други грижи. Кримската војна само што се завршила и биле потребни пари за обновување на флотата и војската, но и за други планирани реформи.

Постои мислење дека Алјаска можеби е дадена за без пари, односно за 1,5 милиони квадратни метри Американците платиле само 7,2 милиони долари односно помалку од пет центи за хектар. Меѓутоа, Америка нудела и помалку пари – само пет милиони долари, но руската страна успеала да извлече уште неколку милиони.

Некои уште веруваат дека советскиот лидер Никита Хрушчов ја подарил Алјаска на САД.

До 1959 година Алјаска не била официјално американска држава, наводно поради „економска заостанатост“. Вистинската причина била во тоа што Амеиканците чекале да помине период од 90 години за кој многумина тврдат дека бил дел од договорот од 1867 година според кој Алјаска не била продадена, туку само „изнајмена“. Хрушчов во 1957 година го потврди правото на САД на Алјаска.

Две години подоцна Алјаска стана 49 држава на САД откако претседателот Двајт Ајзенхауер го потпиша правото на сопствеништво.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска