20 Април, 2024
0.0274

ЗА НЕГО ДЕНЕС ЗБОРУВА ЦЕЛ СВЕТ: Кој е Роберт Мугабе-претседателот со најдолг стаж?

Објавено во: Свет 15 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Во ек на шпекулации дали е на повидок пуч во Зимбабве, на власт во таа земја е 37 години Роберт Мугабе-светски рекордер по должина на претседателски стаж.

Тој е претседател на државата со најдолг стаж во Африка, а веројатно и во светот, а поради начинот на владеење многумина го обвинувале за насилно гушење на опозицијата и уништување на земјата.


Мугабе е роден на 21 февруари 1924 година, а на власт во Зимбабве е од 1980 година - бил претседател на владата од 1980 до 1987 година, а од 1987 станал претседател на државата.

Пред две години тој е избран за претседател на Афричката унија, што предизвикало негодување во афричките земји.

Бил водач на организацијата на Афричкиот национален сојуз на Зимбабве, кој се борел за слободата на црното домородно население во тогашна Родејзија.

Освен по цврстата рака во Зимбабве, познат е и по негативните ставови за западните земји.

Својот политички успон Мугабе го започнал во 1960 година, кога и се придружил на Националната демократска партија која набрзо е забранета бидејќи и се спротивставувала на администрацијата на премиерот  Јан Смит.

Три години подоцна, ја напушта таа партија и ѝ се придружува на Афричката национална унија на Зимбабве, движење кое настанало врз основа на марксистичко учење.


Во период од 1964 година до 1974 год. бил во затвор.

Инаку, завршил и студии по право и економија на Лондонскиот универзитет.

И покрај нарушеното здравје, Мугабе неодамна изјавил дека ќе размислува за повлекување од местото на претседател тогаш кога ќе наполни 100 години.

Кога Зимбабве стекнал независност во 1980 година, Мугабе станал премиер на таа земја, а после седум години и претседател.

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато