25 Април, 2024
0.0347

За Нишани платформата на Албанците е природен процес

Објавено во: Македонија, Балкан 12 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Албанскиот претседател, Бујар Нишани изјави дека влијанието на Тирана преку потпишување на заедничката декларација на албанските партии во Македонија е природен процес. 

Како фактор за еден ваков документ го наведува и  бројот на Албанците во Македонија како државотворен народ.

Во интервју за Алсат М, Нишани додаде дека обвинувањата од страна на одредени кругови дека Албанија се меша во внатрешните работи на Македонија не се основани затоа што официјална Тирана има за обврска да се грижи за Албанците каде и да се.

„Самиот албански политички фактор во Македонија беше тој кој не информираше за политичките состојби во Македонија“- вели Нишани.  

Тој објаснува дека се сретнал два пати со лидерот на ДУИ, Али Ахмети за да иницира еден таков почеток.

Министерoт за надворешни работи, Никола Попоски претходно го осуди мешањето на официјалните власти на Албанија и особено на албанскиот премиер, Еди Рама во внатрешните работи на Република Македонија. 

„Не е ниту воспитано, ниту пак соодветно кога премиер или претседател на една соседна земја, непосредно се меша во внатрешните работи на друга држава“- рече Попоски.

Попоски ги оцени како грешни посланијата и поведенијата на властите во Тирана во момент кога Македонија се наоѓа во сложена политичка состојба.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи