За организација на изборите ДИК бара 7,5 милиони евра
Објавено во: Финансии 18 Октомври, 2016
Сума од 7,5 милиони евра побарала Државната изборна комисја за да ги организира изборите закажани за 11 декември.
Според пишувањата на агенцијата „Мета“ од Министерството за финасии им соопштиле дека таа сума ќе и биде обезбедена на Комисијата.
„Министерството за финансии ќе обезбеди средства за предвремените парламентарни избори“, рекле од ресорното министерство за Мета.
Во буџетот за 2016 година за Државната изборна комисија беа предвидени 531.375.000 денари, а потоа, бидејќи не беше утврден датум за избори, со ребалансите таа сума беше намалена на 103.875 денари.