За перење пари преку Демир Капија – Смоквица грчки „Актор“ доби казна од 50 милиони евра
Објавено во: Економија 08 Јуни, 2017
Грчките медиуми „Прототема“ и „Катимерини“ пишуваат дека Европската агенција за борба против корупција (ОЛАФ) и напишала казна од 50 милиони евра на грчката компанија „Актор“ .
Причината за солената казна е измама и перење пари при изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица.
Грчката градежна фирма во 2012 година го доби тендерот за изградба на 28-километарската делница, а името на „Актор“ стана актуелно во 2014 година, кога СДСМ обвини дека од македонски банкарски сметки незаконски биле извлечени 3,5 милиони евра.
Вкупната инвестиција за изградбата наделницата од 28 километри е 257 милиони евра, од кои 130 милиони евра се средства од Европската инвестициона банка, 70-тина милиони се заем од Европската банка за обнова и развој, 45 милиони се грант од ИПА фондовите на Европската унија, додека од државниот буџет се обезбедени речиси шест милиони евра. Вредноста на тендерот, односно на договорот со грчката компанија без ДДВ е 210 милиони или со ДДВ 248 милиони евра