24 Април, 2024
0.0248

За половина година – долгот кон странство набилдан со 400 милиони евра!

Објавено во: Финансии 12 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Скоро 5 милијарди и 600 милиони евра достигна Бруто Надворешната задолженост на Македонија. Најновите податоци на Народната Банка покажуваат дека заклучно со првата половина од годинва, раст на долговите кон странство е регистриран кај државата, монетарната власт и банкарскиот сектор. Само за шест месеци, или во јуни во однос на салдото од крајот на декември, Бруто Надворешниот долг се зголемил за скоро половина милијарда евра. Дологот на Централната Влада пак заклучно со октомври достигна ниво од 2,7 милијарди евра или 34,5% од БДП. И со овие параметри, Македонија останува во зоната на умерена задолженост, но Светска Банка веќе упати препорака да забави темпото на задолжување а ММФ упати на тоа дека од почетокот на кризата до сега, долгот е зголемен за 15%. Намалување на темпото на задолжување очекува и гувернерот Димитар Богов. Богов : Темпото за задолжување да забави ! Државата кон странство, заклучно со јуни должи 1 милијарда и 700 милиони евра, следува банкарскиот сектор со долг од 666 милиони евра па монетарната власт со долг од 427 милиони евра. Еве за колку пораснале долговите кон странство за половина година : Држава 90 милиони евра Монетарна Власт 193 милиони евра Банкарски сектор 47 милиони евра Останати сектори 21 милион евра Во пакет со пораст на Бруто Надворешниот долг, октомвриски раст има и на Јавниот Долг на Централната Влада кој достигна 2,7 милијарди евра или 34,5% од БДП. По Светска Банка, и гувернерот Димитар Богов очекува дека ќе забави темпото на натамошни задолжувања. “Темпото на задолжување ако го гледате во Македонија, а еве и според податоците од Светска Банка што беа презентирани, секаде задолжувањето беше исто, дури и во некои земји тоа темпо беше побрзо. Тоа сведочи дека бевме во еден период кога тоа беше непоходно, односно дека сите мораа да водат антициклични фисклани политики со што се поттикнуваше економијата. Но веќе тој период одминува, со закрепнувањето на приватниот сектор веќе мора да дојде и до намалување на фискалниот стимул. “ - изјави гувернерот Димитар Богов. На почетокот од неделата, Светска банка даде позитивна оценка за економската состојба во земјава, но предупреди на темпото на создавање на јавниот долг и упати на негова контрола. Според Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, во однос на јавниот долг , тој не е загрижувачки, но треба да се контролира. „Македонија нема јавен долг што излегува од контрола во споредба со другите земји во регионот. Меѓутоа Владата треба и понатаму сериозно да го сфаќа ова прашање како што беше и досега“, изјави Проскурјакова. Слична порака испрати и Патрик Житон, претставникот на ММФ во земјава. “Долгот на владата се уште е умерен и е еден од најмалите во регионот, но многу е зголемен во текот на изминатите години. Од почетокот на кризата тој се зголемил за 15%, што е значително. Има потреба од контролирање на нивоата на долговите, како и фискална консолидација, што значи дека намалувањето на фискалниот дефицит ќе го поттикне кредибилитетот на политиката и на крај ќе создаде простор економската политика да реагира ако во иднина има некакво опаѓање“ - оцени Житон, претставникот на ММФ. На истекот од оваа економска година, гуверенрот на НБРМ вели дека во следната 2014 та ризиците и натаму ќе демнат, но екомскиот раст треба да асе потпира на домашните инвестиции. “Треба да направиме се за македонската економија да ја задржи стабилноста, да ги задржи добрите перформаски во иднина а се со цел да остане како цврст столб на сите останати политики во земјава. Со тоа се гарантира и пошироко стабилноста на земјата. “ - изјави Богов и додаде : “Треба да бидеме внимателни за тоа дека во наредната година веќе очекуваме раст на приватниот сектор. Ако до сега растот беше поттикнуван од странските директни инвестиции и од јавните инвестиции, сега треба да настапи и приватниот сектор а со тоа ќе се зголеми и домашната побарувачка. Во такви услови треба да се внимава да не се наруши рамнотежата во домашната економија“ - оцени гуверенрот. До година, според планот на Владата, недостатокот на пари ќе се финансира главно од домашните кредитори. Владата не ја исклучува и можноста за издавање на Еврообврзница, но тоа вели дека ќе зависи од условите на меѓународниот финансиски пазар. А.Д.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА