25 Април, 2024
0.0271

За прв пат во Македонија активиран дрон за испорака на Samsung Galaxy S8

Објавено во: Мои пари 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Дроновите се новата атракција во светот на технологијата откако голем број на модели станаа лесно достапни во секаков вид на примени. Со дроновите секогаш има голема забава, камерите кои се монтирани на нив даваат уникатна перспектива, па токму затоа Македонски Телеком реши да го активира првиот дрон во Македонија кој изврши испорака на супер моќниот премиум смартфон Samsung Galaxy S8.

Во светски рамки големи брендови како Амазон и други веќе вршат испораки на производи токму со дрон, внимавајќи на законските регулативи и безбедноста во авиосообраќајот. Кај нас пионери во оваа област се токму Македонски Телеком кои се потрудија да ги изненадат и воодушеват првите купувачи на Samsung Galaxy S8 кои онлајн си го резервираа одличниот смартфон. 

Првите модели на Samsung Galaxy S8 прелетаа од зградата на Македонски Телеком преку плоштадот Македонија до рацете на гордите купувачи кои ќе имаат ексклузивна можност први да ги тестираат можностите на најиновативниот смартфон досега лансиран на пазарот. Samsung Galaxy S8 има Infinity дисплеј со неверојатна прецизност, Quad HD резолуција со HDR+ поддршка, додека пак телото е перфектно изработено со минимална рамка и предната површина целосно е искористена.

Овој иновативен потег на Македонски Телеком треба да означи и нова ера во Македонија со користење на дроновите како ефикасна алатка за достава, снимање видеа, интеракција со купувачите и приближување на најновите технологии.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка