19 Април, 2024
0.0265

За првпат во Каиро „исламско кафуле“!?

Објавено во: Стил 20 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Во Каиро беше отворено првото „исламско кафуле“ во Египет. Кафулето се разликува од другите вакви објекти низ египетскиот главен град, по тоа што е уредено според „исламските закони“, објаснуваат неговите сопственици. Тие велат дека кафето што се пие е сосема исто како и кафето во другите кафулиња.

Во него првпат мажите и жените пијат кафе и разговараат одделени, во различни простории. Кафулето има посебна просторија само за цели семејства. Во него не се дозволува да влегуваат парови кои се уште не се венчани.

Сопствениците на кафулето објаснуваат дека идејата за неговото создавање е потикната од потребите на луѓето, а посебно на оние кои сакаат да пијаат кафе во посебна „конзервативна просторија“.

Египјаните кои се противат на забрзаната исламизација на државата и на општетството го осудуваат ваквото „исламско кафуле“. Тие сметаат дека неговото појавување уште повеќе ќе го подели египетското општество кое по политичките промени и победата на Муслиманските браќа е поделено на исламисти и умерени муслимани.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре