28 Март, 2024
0.0263

ЗА ПУЏДЕМОН ИСТЕЧЕ РОКОТ: Што им одговори на властите во Мадрид?

Објавено во: Свет 16 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

На каталонскиот лидер, Карлес Пучдемон денеска му истече рокот во кој требаше да даде одговор на властите во Мадрид што понатаму ќе се случува со Каталонија. 

Тој бара отворање на дијалог со официјален Мадрид и  суспензија на одлуката за прогласување на независноста на Каталонија на два месеца.

Ваквата реакција на Пучдемот доаѓа откако шпанскиот премиер, Мариано Рахој побара од него јасно да каже дали минатата недела прогласи независност на Каталонија или не.

„Следните два месеца наша главна цел е да ве повикаме на дијалог и да им овозможиме на меѓународните, шпанските и каталонските преговарачи да го отворат патот за преговори. Нашата понуда за дијалог е искрена, и покрај тоа што се случи“- се наведува во писмото кое Пучдемон го испрати до шпанскиот премиер.

Шпанскиот министер за правда, Рафаел Катала вели дека ваквиот одговор на лидерот на Каталонија не е валиден затоа што со него Пучдемон не успеал да ја објасни позицијата на Каталонија ниту пак какви мерки планира да преземе со цел да ги исполни барањата на Мадрид.

Дел од шпанските медиуми кои успеале да дојдат до писмото, објавија дека во него не се прецизира дали Каталонија формално прогласила независност од Шпанија, но пишувало дека каталонскиот парламент има „демократски мандат“ тоа да го стори по спорниот референдум одржан на 1 октомври.

Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти