29 Март, 2024
0.0254

За што се Груевски му се изнажали на Хан?

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Никола Груевски како актуелен претседател на најголемата опозициска партија на вчерашната средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан му се пожали од новата власт предводена од Зоран Заев, особено за спроведувањето на локалните избори на кои за големиот пораз на ВМРО-ДПМНЕ обвинета е полицијата која вршела притисок врз гласачите.

„Груевски посочи дека локалните избори кои поминаа беа едни од најлошо организираните, каде се случија бројни неправилности, случаи за поткуп бугарски возови, недостаток на гласачки ливчиња, притисоци, уцени и закани, па се до поднесување на кривични пријави врз градоначалници без правна основа-политички мотивирани, убиство на носител на советничка листа, пукнат череп на градоначалник и други бројни сериозни нарушувања“ велат од ВМРО-ДПМНЕ за средбата со Хан.

Исто така опозицискиот предводник на еврокомесарот му укажал за притисокот врз судството со кој се создал страв кој се рефлектира и во другите општествени сегменти како што се медиумите и економијата.

Груевски го информираше комесарот Хан за повеќе случаи за нарушување на судските правила и постапки, како и барањето на СЈО за употреба на незаконски стекнати материјали во судските процеси што укажува на недостаток на постоење на фактички докази и прибегнување кон незаконски методи. 

Во однос на стратешките приоритети беше посочено дека ВМРО-ДПМНЕ дава целосна поддршка на евроинтеграциските процеси како и за неопходните реформи, но на Хан му било посочено од Груевски дека опозицијата не е вклучена во процесите од страна на власта туку се бара само јавна поддршка.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење