29 Март, 2024
0.0231

За сите поплавени земјоделски површини ќе има оштета

Објавено во: Агробизнис 11 Август, 2016

Добивај вести на Viber

За сите поплавени земјоделски површини во невремето во сабота ќе има оштета.

„Сите земјоделски површини без разлика дали се евидентирани во нашиот регистар или не, ќе бидат обештени. Имајќи го искуството со поплавите кои беа во 2015 година  ние направивме измени на Законот со кој се овозможува да бидат обештени сите земјоделски површини. Комисиите за проценка се на терен и работат со полн капацитет“ - изјави денеска министерот за земјоделство, Михаил Цветков.

Цветков денеска изврши увид во работењето на комисиите формирани за проценка  на штетите од невремето во село Стајковци.

Тој вели дека комисиите за проценка на штети се на терен и очекува за околу дваесет дека работата да биде завршена. Цветков вели дека како комисиите ќе ги обработуваат податоците, тие ќе бидат проследени до Влада и ќе бидат исплатени од Платежната агенција.

Од невремето во скопско погодени се околу 5000 семејства.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи