ЗА ТАЧИ АЛБАНИЈА Е ЕДИНСТВЕНА НАДЕЖ: Бара албански државјанства за Косовците
Објавено во: Балкан 11 Октомври, 2017
Косовскиот претседател, Хашим Тачи побара од албанскиот колега, Илир Мета, да им овозможи на граѓаните на Косово да добијат државјанство од оваа земја, јави РТС од Приштина.
„Побарав од Мета, врз основа на Уставот, граѓаните да добијат (албанско) државјанство, бидејќи Европа покажа неправда кон Косовците. Албанија е единствената надеж“ - рече Тачи.
Тачи „во контекст на ова барање уште еднаш ја искритикува Европската Унија поради условувањето на либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Косово“.
Тачи и Мета се залагаат за „симетрично забрзување на процесот на интеграција на сите земји во регионот“ што сакаат членство во ЕУ и во НАТО, оценувајќи дека тоа „и понатаму се главно политички процеси, со извонредно влијание врз завршувањето на мировните договори во регионот“.
Целта, како што е наведено во декларацијата, е подготвување стратегиски документ за полноправно членство на Косово во ЕУ и НАТО, побрза либерализација на визите помеѓу ЕУ и Косово, како и ангажирање на Приштина спогодбено да го реши прашањето за демаркација на границата со Црна Гора.
Официјален Белград сè уште не се огласил по повод барањата на Тачи до Тирана за државјанство.