За ТРАМП „Фаза два“ како алтернатива против Северна Кореја може да биде многу несреќна за светот
Објавено во: Свет 24 Февруари, 2018
Трамп со шокантна изјава зад која никој не знае што се крие.
Тој изјави дека доколку санкциите против Северна Кореја не дадат резултат, САД ќе приминат на таканаречената „ фаза два“, Трамп исто така додава дека „ втората фаза, може да биде многу тешка и многу, многу несреќна за светот.“
Што значи втората фаза и што вклучува, сѐ уште никој нема одговор.
Трамп сепак се надева дека санкциите ќе бидат успешни и нема да има потреба од активирање на втората фаза.
Во најавениот говор на Трамп, се наведува дека американското Министерство за финансии наскоро ќе преземе акции кои дополнително ќе ги пресечат изворите на прихои и енергетика кои според шефот на Белата куќа, „Северна Кореја ги користи за финансирање на нуклеарната програма и одржување на војската“.