22 Ноември, 2017
0.3857
    ALK 7231.17    -1.62%     BESK 10300    0%     GRNT 808.46    0.93%     KJUBI 1400    0%     KMB 2697.06    -0.11%     MPT 26306.88    -2.2%     OKTA 2530    -8.1%     RMDEN14 92.2    -2.95%     RZLV 45    0%     RZTK 450    1.81%     RZUS 106    -3.64%     SBT 1987    -9.86%     TNB 13500    0%     TPLF 1605.19    -0.11%     TTK 803.72    -1.5%     ZPKO 2601    0.04%

За Вучиќ изјавата на Изетбеговиќ е сериозна и ќе има последици

Објавено во: Балкан 14 Ноември, 2017

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека изјавата на бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговија, Бакир Изетбеговиќ, за признавање на независноста на Косово ќе има далекусежни политички и правни последици.

„Некои мислат дека Србија не е доволно прегазена и понижена и оти само прегазената и понижената Србија е добра Србија“- изјави  Вучиќ за Deutsche Welle (DW) коментирајќи ја изјавата. 

На директното прашање за тоа „дали БиХ, во одреден момент, ќе го признае Република Косово“, Изетбеговиќ одговорил со „Се надевам – да“. Според вторничните забелешки, наводно повеќето белградски медиуми во првите извештаи не ја цитирале така неговата изјава, премолчувајќи го „се надевам“.

„Тоа интервју комплицира многу нешта во регионот“- изјави Вучиќ. 

Вучиќ вели дека доколку би изјавил дека треба да се признае независноста на Република Српска, би завршил во Хаг.

Вучиќ најави дека Србија сето тоа сериозно ќе го согледа и ќе дада одговор, сугерирајќи дека е јасно дека  треба да се потпре на соопствените сили, бидејќи, како што вели, „нема да ја имаме поддршката од меѓународната заедница. Оцени дека изјавата на Изетбеговиќ е „посериозна отколку што некој во Србија во моментов тоа може да согледа“.

Можеби ќе ве интересира

Генералот Младиќ осуден на доживотна затворска казна

Генералот Младиќ осуден на доживотна затворска казна

Кабинетот на Бугарија денес гласа за поевтини разговори со Македонија

Кабинетот на Бугарија денес гласа за поевтини разговори со Македонија

Утре пресуда за Ратко Младиќ

Утре пресуда за Ратко Младиќ

Уште една земја го повлече признавањето на Косово

Уште една земја го повлече признавањето на Косово

(ВИДЕО) Паднаа тешки зборови - тепачка во српското Собрание

(ВИДЕО) Паднаа тешки зборови - тепачка во српското Собрание

ЦИА откри тајна за Југославија - за што се работи?

ЦИА откри тајна за Југославија - за што се работи?

За Павлопулос Македонија фалсификува историја, а Дуда вели вратите на ЕУ треба да бидат отворени

За Павлопулос Македонија фалсификува историја, а Дуда вели вратите на ЕУ треба да бидат отворени

Словенечка „Крка“ го шири бизнисот во Кина

Словенечка „Крка“ го шири бизнисот во Кина

Ѓукановиќ и по децении пак размислува да биде претседател на Црна Гора

Ѓукановиќ и по децении пак размислува да биде претседател на Црна Гора