ЗАБРАНА ЗА РАБОТОДАВЦИТЕ: Работничките не мораат да носат високи потпетици
Објавено во: Свет 15 Март, 2017
Британска Колумбија е провинција во Канада која наскоро прва ќе забрани работничките да мораат да носат високи потпетици.
Канадските законодавци работат на изготвување на вакво законско решение.
Премиерката Кристин Кларк рече во неделата дека ќе поддржи закон кој ќе забрани работодавците да налагаат какви обувки ќе носат работниците зависно од полот.
Автор на оваа иницијатива е Партијата на зелените.
Ако се усвои, законот ќе важи само за Британска Колумбија.