Добивај вести на Viber
Професорите кои предаваат во средните училишта во Грција ги повикаа двата главни синдикати во земјата, да ја поддржат нивната кауза, откако владата најави граѓанска мобилизација со цел да ги спречи професорите да штрајкуваат за време на приемните испити за запишување на факултет, пишува грчкиот весник “Катимерини“.
Синдикатот на професорите ја критикуваше одлуката на владата да ги принуди професорите да останат на работното место. Тие ги повика сите членови на синдикатот вечерва да се соберат на плоштадот “Синтагма“ за да го изразат своето незадоволство. Синдикатото на професорите ги повика двата најголеми синдикати АДЕДИ и ГСЕЕ да свикаат генерален штрајк во петок во знак на солидарност со професорите.
Професорите од средните училишта планираат да започнат штрајк во петок, кога почнуваат приемните испити за на факултет.
Планирана е исто така петдневен штрајк за следната недела.