Забранета регистрација на Порше кајен во Швајцарија
Објавено во: Свет 18 Август, 2017
Швајцарија денеска соопшти дека нема веќе да дозволува регистрација на Порше Кајен.
Образложението е дизел моторот и негативниот одек поради издувните гасови, скандал што ја потресе германската автомобилска индустрија.
Оние кои веќе се регистрирани можат да останат на швајцарските патишта.
Но, новокупените возила со дизел мотор нема да бидат дозволени за возење.
Федералната канцеларија за патишта наведува дека е важна заштитата на животната средина.
Министерството за сообраќај во Германија минатиот месец објави дека во моделите кајен и мекан има нелегални софтвери, кои го прикриваат вистинското ниво на издувни гасови.
Станува збор за 22.000 возила кои беа опфатени со скандалот.
Уредот во автомобилите дозволува да се испушта 20 пати повеќе азот диоксид од дозволеното.