20 Април, 2024
0.0274

ДУИ не смее многу да пимпла, зошто се повеќе губи

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

ДУИ треба да одлучи час поскоро зашто очигледно е дека двомесечното одлагање не им донесе факторизирање меѓу гласачите, туку вртоглав пад на рејтингот. ДУИ е во лоша позиција, но јасно е дека секој друг маневар освен брзо формирање на влада ќе им донесе уште поголема внатрепартиска криза- вели за Фактор, граѓанскиот активист Марјан Забрчанец. Изворот на омразата и поделбите  според него е познат, доаѓа од радикални индивидуи и групи поттикнати и поддржани од владејачката партија за да создаваат привид на поголема криза, да ги плашат граѓаните  за да го привлекуваат вниманието на јавноста кон себе, а подалеку од борбата против криминалот и создавањето на новата влада.

“Она што треба да не прави спокојни е трендот на неуспех на ваквите обиди за меѓуетнички и меѓуграѓански конфликти. Жешки глави секогаш ќе има, клучно е што мнозинство од граѓаните научија да ја препознаваат оваа ниска пропаганда и да ја отфрлаат со згрозување. Ако се следи трендот од изминативе две-три години, може да се види дека коруптивниот начин на владеење ја губи поддршката од граѓаните”- смета ЗАбрчанец.

 Критиката кон неодговорните политичари како што вели  станува погласна, а обидите за креирање дополнителни конфликти меѓу граѓаните не успеваат.

“Овој процес мора да биде темелен, а тоа значи бавен, и да резултира со нов, подемократски начин на дејствување на политичките субјекти и со меѓуграѓанска и меѓуетничка сорабoтка во интерес на обезбедување подобар живот за граѓаните.

Улогата на меѓународниот фактор останува важна и потребна, особено ако се има предвид стратешката ориентација на земјата и големата поддршка што граѓаните ја даваат за демократско интегрирање кон западот”- нагласува граѓанскиот активист.

Најсилен  борец против лошите политики според Забрчанец е граѓанскиот сектор кој 25 години дејствува во одбрана на човековите права, во поддршка на граѓаните на кои им треба помош, во поддршка на јавниот интерес, солидарноста, соживотот, но и како контролор и поддржувач на работата на институциите во времето на сите влади.

“Таканареченото движење од тројца радикали “СОС” е производ на обидите на Груевски да го замолкне кренатиот граѓански гласи да создаде нов квази-невладин сектор кој ќе биде контролиран директно од една партија. СОС е примерот за тоа какви “невладини” планираат да создаваат и затоа ваквите изблици на лажни вести, клевети и омрази треба да бидат јасно посочени и отфрлени од демократските групи и заедници во Македонија”- потенцира Марјан Забрчанец.

Во таа насока, потенцира дека  повеќе од 120 организации се здружија во одбрана на граѓанското општество и дадоа јасен одговор на обвинувањата со кои се дискредитира секторот - ги демантираа и ги отфрлија како неточни, тенденциозни, погрешни и лажни и побараа од пошироката домашна јавност заштита на граѓанскиот сектор.

 Непреченото дејствување на граѓанскиот сектор како силен критичар и коректор на властите мора да се обезбеди зашто тоа е гарантирано со член 20 од Уставот на Репупблика Македонија според кој на граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат”- порачува граѓанскиот активист.

На креаторите на овој удар врз граѓанскиот сектор, вели  не им смета Џорџ Сорос, туку критичкиот глас на граѓаните кој очигледно е мнозински во Македонија. Нив им смета што стотици илјади граѓани  побараа да им се слуша гласот и да се владее чесно и одговорно во државата.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите