19 Април, 2024
0.0255

Задолжувањето расте, Владата смирува, опозицијата предупредува на грчко сценарио

Објавено во: Финансии 02 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Иако 2012 та почна со ниво на јавен долг од 26,1% од бдп, во третиот квартал почнува тренд на позначајно задолжување, особено на домашен терен, со што стапката се доближува прво 30 % од БДП, за денес да стаса до максималните 32,1 % што е највисоката измерена стапка во последните пет години. Ова значи дека за неполна година долгот порасна за околу 6 процентни поени. Токму на крајот од 2012 та во јавноста се отвори жестока дебата за тоа колку навистина е задолжена државата дома и во странство и дали владата дозирано ја информира јавноста за состојбата со долговите. Поранешниот гувернер и еден од поранешните министри за финасии, Петар Гошев, како и академик Абдулменаф Беџети тврдеа дека податоците за вкупниот јавен долг, кои не се достапни на јавноста, покажуваат дека тој изнесува повеќе од 45 отсто од БДП. Станува збор за долговите и на Фондовите и општините, кои сега не се прикажуваат во податоците за долгот на Централна Влада што ги објавува Министерството за финансии. Власта и опозицијата изминатите месеци остро се конфронтираа за задолжувањата. Според опозицијата Владата  неоправдано ја задолжува државата, оставјќи им на наредните генерации долг што нема да може да се отплати, а некои предвидувања одеа дотаму што на Македонија и се предвидува грчко сценарио веќе во втората половина од годинава. Дел од експертите сметаат дека земените пари не се трошат за развојни проекти кои ќе обезбедат нови вработувања и економски развој, туку за згради и споменици. Владата, пак тврди дека Македонија се уште има меѓу пониските нивоа на Јавен долг во Европа, и дека земјата е се уште далеку од црвената линија на задолжувањето од 40 % од БДП. Премиерот Груевски неодамна посочи дека Јапонија на пример има долг кој изнесува 220 % од БДП. Оваа година почнува со ново задолжување од 250 милиони евра зад кое како гарант стои Светска банка. Законот за задолжување владејачкото мнозинство го изгласа без присуство на опозицијата во парламентот, откако претходно на ист начин го усвои и буџетот за 2013 та година.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин