18 Април, 2024
0.0240

ЗАДОЛЖУВАЊА: Државата позајми 16 милиони евра!

Објавено во: Финансии 28 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Државата од домашните кредитори позајми 16,1 милион евра. На вчерашната аукција на државни хартии од вредност Владата продаде едногодишни записи и обврзници со рок на доспевање од три и десет години. Најголемиот дел од парите, или 8,8 милиони евра се обезбедија преку продажба на едногодишни записи, потоа 4 милиони евра успеа да собере од продажва на тригодишните обврзници а најамлку пари или 3,2 милиони евра се обезбедија од од продажба на обврзци со рок на доспевање во 2025 та година. Парите со кои се задолжи Владата остануваат во Буџетот за тековни трошења, со оглед на тоа што денска, како и вообичаено, нема доспевање на заостанати долгови. Според објавениот полугодишен план на Министерството за финансии за задолжување и раздолжување кон домашните кредитори во новата 2015 та година, во првите шест месеци, по основ на доспеани обврски, Владата треба да врати 393 милиони евра.  Во текот на шесте месеци закажани се 12 акуции, односно продажби на државни хартии од вредност преку кои ќе се обезбедуваат пари за тековни буџетски трошења. Министерот за финансии Зоран Ставрески неодамна изјави дека Буџетот за 2015 та ќе биде во добра ликвидносна кондиција, а сите кредити и обврски ќе се плаќаат без проблем и на време. “Парите што се потребни за раздолжување во 2015 та година, се веќе обезбедени и проектирани во новиот Буџет. Еврообврзницата што навреме ја земавме под исклучително поволни услови и таа ќе овозможи во 2015 та година да нема ново задолжување и на домашниот и на надворешниот пазар. Така да не треба да има грижа, средствата се обезбедени во Буџетот, проектирани, а буџетот е веќе усвоен во Собранието. До година навреме ќе се сервисираат сите обврски и ќе има добра ликвидност на Буџетот“ – изјави министерот Ставрески. Според податоците на Министерството за финансии, на завршницата од 2014 та година, не само што се зголемија задолжувањата на домашниот пазар, туку значајно се промени и нивната структура според рочноста.Така, анализата на бројките покажува дека во јануари, лани, состојбата со долговите со рок на доспевање од десет години изнесувала 2,8 милиони евра а веќе на крајот на октомври, овие обврзници го зголемиле учеството на 3,7% или во апсолутна бројка од 42 милиони евра. Драматичен пораст има и кај задолжувањата што ќе треба да се враќаат по пет години. Според податоците на Минстерството за финансии, уделот на овие задолжување се зголеми на ниво од скоро 30 отсто. Во исто време, се менува и структурата на кредиторите, односно банките го намалуваат своето учество, додека осигурителните компании и пензиските фондови стануваат се поголеми владини кредитори. Заклучно со ноември, само по основ на задолжуања на домашен пазар, Владата должи 1,1 милијарда евра.

Можеби ќе ве интересира

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

„ГИ УЧАМ ДЕЦАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО ДУБАИ“: „Ме плаќаат 3.000 долари за да напишам домашна задача“

„ГИ УЧАМ ДЕЦАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО ДУБАИ“: „Ме плаќаат 3.000 долари за да напишам домашна задача“

ОВА Е НАЈМИСТЕРИОЗНИОТ МИЛИОНЕР НА СВЕТОТ: Ниту портирот во неговата фирма не го познава!

ОВА Е НАЈМИСТЕРИОЗНИОТ МИЛИОНЕР НА СВЕТОТ: Ниту портирот во неговата фирма не го познава!

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!