16 Април, 2024
0.0251

Заеднички туристички производи – Поттик на регионалната соработка

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Јакнењето на меѓусебната соработка на земјите од регионот во насока на раст на трговијата, на меѓусебните инвестициски вложувања, изградба и воспоставување соодветна инфраструктура ќе поттикнат зајакнување на регионот како целина и негово претставување на трети пазари како еден производ во многу дејности, вклучително и во туризмот, што е и основата на подршката на Берлинскиот процес на регионалната соработка во рамки на регионалната интеграција на трговијата на Западен Балкан.

За таа цел, следејќи го светскиот тренд и новите правци за патување, во рамки на кој се организираат регионални тури, туристичките агенции, тур операторите од Македонија во соработка со своите колеги од земјите од регионот одреден период веќе работат на креирање заеднички дестинации за туристи од Европа, од блискиот и далечниот исток и од другите делови на светот.

Стопанската комора на Македонија со Коморите од Србија и Црна Гора отпочнаа активности за изработка на регионални дестинации како поттик за раст на бројот на туристи во регионот но и зголемување на учеството на туризмот во вкупната регионална економија. Коморите од регионот здружени во Коморскиот инвестициски форум, кои се целосна подршка на туристичките работници во  креирањето и брендирањето на регионалните дестинации, преку КИФ имаат за цел да ги детектираат проблемите со кои се соочуваат туристичките агенции, тур операторите, угостителите при реализрање на овие активности и да работат на изнаоѓање решенија за нивно надминување. Во таа насока како еден од проблемите на кој треба да се работи во следниот период се посочуваат, различниот визен режим на земјите од регионот кон трети земји што го отежнува креирањето регионални тури.

Во тек се активности и за повторно воведување на авионската линија Скопје - Подгорица - Скопје, во насока на обезбедување соодветна инфраструктура која ќе овозможи поголемо движење на луѓе, стоки и услуги во двата правца, што како крајна цел ќе придонесе за зголемен обем на економската соработка меѓу Црна Гора и Република Македонија, но и услов за зголемување на бројот на туристи во двете насоки и развој на нови видови туристички производи, што како процес доби и официјална подршка од Стопанската комора на Македонија.

Сепак за да функционира регионот како една туристичка целина потребно е да се направат уште многу системски усогласувања, да се работи на брендирање  дестинации преку кои ќе се препознава регионот на Западен Балкан, што во услови на активно учество на туристичките чинители и постоење желба за покренување заеднички иницијативи ветува успешна регионална соработка на полетои на туризмот.

Даниела Михајловска Василевска

Стопанска Комора на Македонија


Можеби ќе ве интересира

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?