19 Април, 2024
0.0278

Заев: Бугарија ја признава нашата посебност, договорот ќе биде на три јазици

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска во Собранието на критиките на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека новиот договор за добрососедство со Република Македонија ќе нема никакви спорни точки бидејќи се признава македонската посебност и се прифаќа македонскиот јазик.

„Договорот за добрососедство со Бугарија ќе биде потпишан во три јазични верзии англиски, македонски и бугарски. Ако биде договорен, ќе биде потпишан и на нашиот официјален македонски јазик и ќе стои потписот на премиерот на Бугарија. Тоа е важна работа за Македонија, тоа е признавање на нашиот јазик“, истакна премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница, одговорајќи на обвинувањата од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека се крие содржината на договорот и истиот ги повредува македонските национални и државни интереси.

„Бугарија е првата земја што ја призна Република Македонија под уставото име. Јас очекувам преку овој договор за којшто претходната власт правеше искрени напори и видов до каде се стигнати, а за што немав никогаш информации како шеф на опозицијата. Видов дека се стигнати во сериозна фаза и тоа го поздравувам. Требаше веќе да го завршиме, ги знам и разговорите и на поранешното раководство на Владата на РМ, информиран сум процедурално онака како што личи, за се. Бугарија преку овој договор сака искрено да ги тргне тегобите коишто постоеле помеѓу два соседа за да ја поддржи Македонија на својот пат кон ЕУ“, рече Заев.

Премиерот додаде дека Бугарија ја признава посебноста на државата, но и дека Владата ќе биде навистина внимателна.

„Бугарија ја признава нашата посебност и нема проблем со тоа, но истовремено не може да кажеме дека немаме дел од заедничка историја на Балканот овде, во Европа или слично. Да не прејудицираме нешто што би било поприлично незгодно по вакви прашања коишто се од заеднички интерес за стратешките определби зад коишто сите стоиме, а тоа се ЕУ и НАТО. Затоа да бидеме навистина внимателни“, истакна претседателот на Влада.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?