25 Април, 2024
0.0296

Заев чека мандат, дали Иванов ќе „избега“ на службен пат?

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Шефот на државата има уште два дена да одлучи за давањето на мандат за состав на нова влада на лидерот на СДСМ.

Експертите оценуваат дека Македонија е во уште подлабока политичка криза со оглед на тоа дека истече мандатот на градоначалниците и советниците во општините.

Засега нема информација дали Иванов и Заев ќе се состанат до 19 мај, кога истекува рокот за давање мандат. Нема, исто така ниту официјална информација дали Заев му ги испратил на Иванов гаранциите дека Македонија и откако тој ќе формира влада ќе остане единствена држава.

Повикувајќи се на неофицијални информации, медиумите пишуваат дека Иванов планира службено патување ден пред да истече рокот за мандатот, а тоа е утре.

Иванов, имено, и покрај притисокот на меѓународната заедница досега повеќе пати одбиваше мандатот да му го предаде на Заев со образложение дека „тиранската платформа“ околу која се согласни сите албански партии, а која челникот на СДСМ ја прифати како дел од својата програма, се заканува со нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

Меѓутоа, по неодамнешната посета на американскиот претставник Брајан Хојт Ји, Иванов рече дека е неопходно Заев пред добивањето на мандатот да пружи гаранции дака и ако тој стане премиер Македонија ќе остане единствена држава.

Највлијателната партија ВМРО ДПМНЕ пак смета дека одржувањето на вонредни парламнетрани избори се единствено решение за актуелната ситуација во земјава.

Давањето на мандат за формирање на нова влада по декемвриските избори би требало да ја стабилизира државата и да овозможи спроведување на итни реформи кои Македонија треба да ја вратат на евроатлантскиот пат.

Доколу Иванов отпатува на службен пат него ќе го замени новоизбраниот собраниски претседател Талат Џафери, првиот Албанец на таа функција кој ВМРО ДПМНЕ не го признаваат.

Дел од македонската јавност и претставници сметаат дека Џафери е избран на нелегален начин и дека Иванов и техничкиот премиер се единствени претставници на власта.

Од понеделник во технички мандат се и сите градоначалници и претседтаели на општините.

Тоа практично значи дека тие се во технички мандат и дека може да бидат присутни на челните позиции, но немаат никакви права, посебно не потписи и управување со финансии.

Редовните локални избори во Македонија не се распишани, бидејќи немаше кој да ги распише, а како и кога ќе биде разрешена оваа ситуација засега не е познато. 

Можеби ќе ве интересира

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши