19 Март, 2024
0.0281

Заев ги игра сите соседи, дали крешендото е решавање на спорот со Грција?

Објавено во: Анализа 21 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев вложува огромни напори за унапредување на односите со сите соседни држави, па и со тие од поширокиот регион за одржување на веќе воспоставените пријателства и нивно унапредување. Токму за ваквите активности доби признанија од повеќе места, а пофалби имаше и од еврокомесарот за добрососедски односи и проширување Јоханес Хан. 

Претседателот на Владата најголеми успеси во досегашниот мандат бележи токму на полето на меѓународната политика, без никаков притисок постигна договор за добрососедство со Бугарија која од студен непријател ни прерасна во лојален сојузник кој ќе ни донесе голема меѓународна поддршка и се отвори можност за надминување на децениските проблеми и нетрпеливост. 

Пред Заев е посетата на Република Србија, за што истакна дека вчера веќе бил топло дочекан од неговата колешка премиерот Ана Брнабиќ. Денес и утре Заев и неговите министри ќе имаат повеќе средби со српскиот државен врв. 

„Пријателски пречек и инспиративни разговори на заедничката вечера, со премиерката Ана Брнабиќ. Уверен сум дека тоа е добра најава за утрешниот работен дел од официјалната посета на Република Србија“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Заев ќе може очи во очи да разговара со Брнабиќ и претседателот Вучиќ за заладувањето на меѓусебните односи кои имаа политички карактер и како двете земји да се вратат на добрите патеки на соработка, почитување и помагање со оглед на чуството на блискост меѓу македонскиот и српскиот народ.

Веќе во четврток е закажана заедничката седница на владите на Република Македонија и Република Бугарија која ќе се одржи во Струмица. Тогаш се очекува меѓу двете земји да бидат потпишани уште десетина билатерални договори за соработка во инфраструктурата, економијата, телекомуникациите, финансиите, инвестициите, туризмот и уште многу други поволности.

Исто така договорена е и заедничка владина седница со Република Албанија која во декември треба да се одржи во Подградец каде исто така ќе се продлабочат разговорите и ќе се потпишат повеќе договори за зголемена соработка и инвестирање во заедничката инфраструктура за подобро поврзување, што ќе го поттикне и развојот на Коридорот 8.

Заев постојано потенцира дека потенцира дека работи на нормализирање на односите со сите пет соседи и враќање на Македонија на меѓународната сцена по блокадата со која се соочи земјата со раководството на екс премиерот Груевски кој се конфронтираше со дипломатијата преку различни повици и ширење на недоверба.

Крешендото на меѓународната политика на Владата на Заев ќе го доживее при засилените разговори со Грција за можно конечно решавање на спорот за името и умешноста притоа да не се загрозат македонскиот идентитет, јазик и култура за што досега предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ кои не успеаја да се договорат со досегашните грчки влади. 

Позитивен исход на преговорите со Грција со доволна меѓународна помош ќе овозможи забрзување на членството во НАТО и преговорите за влез во ЕУ, а целокупната активност е и дел од заложбите за стабилизирање на регионот и надминување на досегашните нетрпеливости и тивки судири.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ КУПУВА ПОЛОВЕН АВТОМОБИЛ? „Кога ќе ја видам километражата околу 150.000 километри, првото нешто што ми паѓа на памет е дека километражата е вратена“

ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ КУПУВА ПОЛОВЕН АВТОМОБИЛ? „Кога ќе ја видам километражата околу 150.000 километри, првото нешто што ми паѓа на памет е дека километражата е вратена“