Заев-Хан: Владата треба да продолжи да работи демократски на започнатите реформи
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2017
Премиерот Зоран Заев во Њујорк се сретна со комесарот за преговори за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, кој рекол дека Владата треба да продолжи да работи демократски на започнатите реформи и дека тоа што ќе го постигнете е важно за песпективите на вашата држава и за целиот регион.
Тој ги оценил иницијативите на македонската Влада за добрососедство и регионална соработка како корисни во процесот на интегрирање на целиот Западен Балкан во евро-атлантските интеграции.
„Ја заокружуваме првата фаза според предвидениот рок, до крајот на септември. Го имаме Извештајот на експертот од ЕУ, Прибе и неговите сугестии ќе бидат земени предвид во вториот дел од Планот на којшто веќе работиме“ - изјави Заев.
Заев потенцирал дека Македонија наесен очекува отстранување на условеноста на препораката, а потоа и датум за преговори.